Здраво!

Јас сум Весна Тренчовска и сум сертифицирана инструкторка за масажа на бебиња или CIMI (Certified Infant Massage Instructor).

Член сум на Меѓународното здружение за масажа на бебиња IAIM (International Association of Infant Massage), кое е прва глобална организација од ваков тип. Основано е од страна на Вимала МекКлур (САД), а почетоците датираат уште во седумдесетите години. Иако масажата за бебиња постоела со векови во многу држави низ целиот свет, Вимала е првата личност, која основала професионална програма. Нејзината теорија, курикулум и фокус се уникатни, внимателно развиени, усовршени и темелат на научни истражувања и пракса.

Мојата страст за масажата започна со мојот сертификат за масажа на возрасни, што ме инспирираше да ги истражам придобивките од допирот во други области. Ова ме наведе да ја откријам прекрасната масажа за бебиња, која ја споделувам со родителите и старателите.

Масажата за бебиња поттикнува подлабока врска и поврзување помеѓу родителот и детето, а истовремено нуди бројни физички и емоционални придобивки за бебето. Како инструкторка за масажа на бебиња Ви ги пренесувам знаењето и вештините и Ве поттикнувам да ја откриете моќта на допирот и многубројните придобивки од масажата за Вас и вашето бебенце уште од самото раѓање.

Ви благодарам што ја посетивте мојата веб-страна и се радувам што ќе ви помогнам да ја почувствувате радоста и благотворноста од масажата за бебиња!

Shopping Cart